Манасков најверојатно во Лемго

Според најновите шпекулации, досегашниот играч на Металург и репрезентативното лево крило, Дејан Манасков, се очекува да потпише за германскиот тим Лемго.

Германскиот тим бил заинтересиран за услугите на Манасков и се очекува дека таму ќе игра до крајот на сезоната.

Што ќе се случи понатаму со кариерата на нашиот репрезентативец во голема мерка зависи од неговите настапи во Бундес лигата, но добрите познавачи на ракометните прилики велат дека Манасков најверојатно ќе биде ангажиран од Вардар.

Најчитани вести