Екипите на Манчестер Јунајтед и на Вест Хем со гостинските победи остварени синоќа изборија пласман во полуфиналето од Лига купот на Англија.
Манчестер Јунајтед го совлада Стоук со 2:0 со головите на Ешли Јанг (62.минута) и Патрис Евра (78). Вест Хем славеше со 2:1 над Тотенхем. Емануел Адебајор донесе водство за Тотенхем (67), а потоа Вест Хем со головите на Мет Џервис (80) и на Модибо Маига (85) стигнаа до победата.
Во вторникот се одиграа првите четвртфинални натпревари: Лестер – Манчестер Сити 1:3 и Сандерленд – Челзи 2:1 (по продолжение). Во полуфиналето ќе играат: Сандерленд – Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити – Вест Хем. Натпреварите се закажани за 6-ти и 20 јануари (реванш) следната година.


