Водејќи се од информацијата дека на Барселона и се потребни над 500 милиони фунти за реконструкција на „Камп Ноу’’, Каталонскиот гигант ќе се обиде да ги намали трошоците на „скапите играчи„ известува „Сан’’.
Еден од играчите на кои летово му истекува договорот е Дани Алвеш, па по завршувањето на тековната сезона тој ќе има статус на слободен играч.
Раководството на Манчестер Сити, размислува во најскоро време да и понуди на Барселона 15 милиони фунти, а договорот со Алвеш да биде потпишан пред тој да стане слободен играч, наведува „Мирор’’.
Инаку, актуелната откупна клаузула од договорот на 30-годишниот Бразилец со Барселона е 30 милиони фунти. Алвеш зад себе веќе има шест успешни години со каталонскиот клуб, откако летото 2008 година дојде од Севиља.
]]>


