Тренерот на Галатасарај Роберто Манчини разочаран по синоќешниот пораз од Челзи упати критики до своите играчи кои за 90 минути имаа само еден шут кон противничкиот гол.
– Ништо повеќе од пораз не ни заслуживме. Челзи беше многу подобар. Ние целосно потфрливме. Знаевме дека ќе биде тешко, а работата уште повеќе се усложни кога по само четири минути примивме гол. А тоа што се случуваше потоа не го очекував. Како може да постигнеме гол кога само еднаш упативме удар во рамките на противничкиот гол, изјави италијанскиот стручњак.
Тој е лут и поради лошото издание на Дидие Дрогба, ѕвездата на турскиот тим од кого се очекуваше многу повеќе.
– Дрогба не играше добро и немаше ниту една шанса, потенцира Манчини.
Челзи во Лондон го победи Галатасарај со 2:0 и со вкупни 3:1 обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите.
]]>


