Воведуваме огромна промена! Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните. Граѓаните ќе станат акционери во енергетските компании. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво меѓу граѓаните, објави меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ на фејсбук.


