Маричиќ: Ја поминавме зимата без рестрикции благодарение и на помошта од Европската Унија

– Четири проекта сме добиле веќе, за 55 милиони евра од овој фонд Western Balkans Investment Fond, сите се во енергетика и во инфраструктура, тоа е приоритетот, ветропаркот во Богданци, шест хидроцентрали итн. И сега аплициравме со четири нови проекти, ќе продолжиме, за користење на тој фонд. Сите тие проекти се комуницирани или координирани и со бизнис секторот, и со Стопанската комора, и се согласувам дека тој процес треба да добие на јавност, и треба да биде поинклузивен. За тоа сме подготвени, кажа вицепремиерот.

Маричиќ потсети дека минатата недела биле промовирани 70 милиони евра за пречистителна станица во Скопје.

-Скопјани да добијат почиста вода. Тоа е нешто многу конкретно. 80 милиони евра од ИПА23 ги пренаменивме за енергетска помош за да ја презимиме зимава така како што ја презимивме, без рестрикции и со ублажување на ценовниот шок. Тоа беше благодарејќи на помошта на Европската Унија. Патните коридори не треба ни да ги споменувам и Коридорот 10 и другите, и вакви има да ви кажувам сега дека тоа е сè во програмата, 40 милиони евра за Свети Николе да има управување на регионалниот отпад, значи регионална депонија, иако не е популарно така да се нарече. 10 милиони евра во централниот дел на Северна Македонија за управување на отпадот од месната индустрија, неколку канализациски мрежи во големите градови, Битола, Тетово … Значи има конкретни бенефити кои граѓаните ние ги комуницираме, но тука ни треба помош и од медиумите и од граѓанските организации, и од Европската Унија да се популаризираат, истакна Маричиќ.

Најчитани вести