Тој додаде дека со воспоставувањето на новата методологија за секторска соработка меѓу Скопје и Софија интензивирани се односите и се договараат конкретни соработки од кои граѓаните имаат секојдневни придобивки.
„На последната средба потпишавме меморандуми за конкретни соработки меѓу двете државни пошти, како и двегодишна Програма за спроведување на Договорот за соработка меѓу двете министерства во областа на животната средина и управувањето со водите, потпишан 2019 година, а дефиниравме идеи и можности за соработка на полето на борбата против корупцијата, граѓанскиот сектор и развивањето прекугранични електронски услуги за граѓаните“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде деак колку е поголема успешноста од работата на секторските групи, толку полесно и побрзо ќе се надминуваат отворените полтички прашања, што ќе го отвори и процесот на отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
]]>


