Текстот е објавен на 17 јуни 2011 во неделникот „Фокус“ во бројот 833
Разговарала
Јадранка КОСТОВА
За да дознаеме како, фер и демократски, се играше во Третата изборна единица, каде ВМРО-ДПМНЕ оствари најголем успех, а таму се тркаа дури тројца лидери на помалите десничарски партии, снимивме неколку куси разговори со нив. Еве го разговорот со Марјан Додовски, претседателот на ВМРО-Народна Партија.
ФОКУС: Дали имате објаснување, како ВМРО-ДПМНЕ успеа баш во Тројката да направи најдобар резултат, а никој од помалите партии од десницата да не го мине прагот за влез во Парламентот?
ДОДОВСКИ: Сакам да истакнам дека ВМРО-ДПМНЕ направи посебна стратегија за десниот кампус на политички партии. Штабот, фокусиран на луѓето од десницата, функционираше беспрекорно. Темелно и буквално беше снимен секој оној, кој е запишан во единствениот избирачки список. Вие да дојдете до информации дека се знаело, буквално, кој во која продавница колку должи, кој има поднесено барање за кредит да му се одобри, кој какви казни има – прекршочни или кривични, кој имал пријава од УЈП… Сето тоа беше ставено во функција, за луѓето да бидат уценети!
Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ(Фокус)
]]>


