Марсело Брозовиќ ја плати операцијата на Менче од Скопје

Ѕвездата на италијанскиот калчолигаш Интер, Марсело Брозовиќ, донираше 3.000 евра за 26-годишната Стаменка Менче Трповска од Македонија, која преку социјалните мрежи побара финансиска помош за операција на колковите.

Менче Трповска по првата операција повторно е неподвижна. Финансиска помош за нова операција побара преку објава на социјалните мрежи, а нејзината молба ја пренесоа и навивачите на Интер од Балканот.

„Денеска, по само еден час од нашата објава во која ги молиме сите да ѝ помогнат на Менче, Марсело Брозовиќ ни се јави приватно и нè информираше дека го уплатил целиот износ за операцијата. Не знаеме како ова да го опишеме, нè преплавија емоциите, оставени сме без текст. Голем си Марсело, а тебе Стаменка ти ја посакуваме целата среќа на овој свет“, напишаа администраторите на Фејсбук групата „Inter Tifosi Balkan“.

]]>

Најчитани вести