Според информациите од раководителот на Итната медицинска помош, д-р Грозде Спасовски, лицата се примени во свесна состојба и контактибилни и рекле дека нападот бил извршен во нивниот дом од страна на маскирано лице, кое сакало да ги ограби.
Спасовски информира дека лицата се реанимирани, извршени им се испитувања и по оспособување за транспорт, жената е упатена во Ургентниот центар во Скопје, каде што и е извршена интервенција на Торакална хиругија.
Мажот е транспортиран во Ургентниот центар Скопје околу 1 часот и 30 минути по полноќ, каде што е задржан на опсервација, изјави Спасовски.
]]>


