Мбапе со поддршка за повредениот Белингем

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе преку социјалните мрежи искажа поддршка за повредениот соиграчот, Џуд Белингем.

Французинот под постот на Белнигем напиша: „Моето момче“.

На 23 август, Белингем на тренинг заработи повреда на мускулот на десната нога и може да пропушти околу еден месец.

Реал денес ќе го одигра првиот домашен натпревар во новата сезона против Реал Ваљадолид. 

Во првото коло, Реал одигра 1:1 на гостувањето кај Мајорка. 

МИА