Кошаркарите на Емпорио Армани со победата над Фенербахче Улкер во натпревар од групата Е на ТОП 16 фазата, обезбедија пласман во плејофот на Евролигата.
На средбата од 12.коло одиграна синоќа во Истанбул, италијанскиот тим славеше победа со 82:72. Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб со 17 поени натпреварот го заврши како втор стрелец зад клупскиот колега Богдан Богдановиќ, кој постигна 24 поени.
По овој пораз Фенербахче падна на шестото место на табелата во групата Е со победа помалку од Олимпијакос и Панатинаикос кои се на позициите 3 и 4 кои, пак, носат пласман во разигрувањето.
Комплетни резултати и табели по одиграните натпревари од 12.коло.
Група Е: Фенербахче Улкер – Емпорио Армани 73-82, Барселона – Панатинаикос 84-62 (одиграно во петок), Анадолу Ефес – Лаборал 79-105 и Уникаха – Олимпијакос 63-80 (четврток)
Табела: Барселона 12-0 (победи-порази), Емпорио Армани 9-3, Олимпијакос 6-6, Панатинаикос 6-6, Уникаха 5-7, Фенербахче 5-7, Лаборал 3-9 и Анадолу Ефес 2-10.
Група Ф: Локомотив Кубан – Партизан 84-73 (петок), ЦСКА Москва – Баерн Минхен 77-70, Жалгирис – Галатасарај 72-84 и Макаби – Реал Мадрид 76-77.
Табела: ЦСКА Москва 10-2(победи-порази), Реал Мадрид 10-2, Макаби 7-5, Локомотив Кубан 6-6, Галатасарај 6-6, Баерн Минхен 5-7, Партизан 3-9 и Жалгирис 1-11.
Досега пласман во четвртфиналето обезбедија: Барселона, Емпорио Армани, ЦСКА Москва и Реал Мадрид.
]]>


