Мерилин Монро секое утро за појадок пиела пијалак од само две состојки

Холивудската дива Мерилин Монро во далечната 1952 година за магазинот „Pageant“ открила како го започнува денот.

Иако беше позната по својот изглед и актерски способности, дали знаевте дека Мерилин Монро уживала во готвењето.

Но, поради бројните обврски немала време да подготвува сложени оброци, па консумирала брзи и едноставни оброци со висока содржина на протеини, кои ѝ ја давале неопходната енергија.

Така, секое утро појадувала топло млеко со сирови јајца. Во една статија за нејзините навики во исхраната и режимот на вежбање објавена во списанието „Pageant“ во 1952 година, Монро открила дека секое утро пред да се истушира, загревала млеко на ринглата што ја чувала во својата соба.

– Кога млекото ќе се загрее, кршам две јајца, ги матам со вилушка, ги додавам во млекото и го пијам додека се облекувам – рекла холивудската дива.

Исто така, на појадокот му додавала и мултивитаминска таблета.

– Се сомневам дека кој било лекар би можел да препорача похранлив појадок за зафатена девојка како мене – нагласила актерката.

Монро никогаш не спомнала што ручала, па се претпоставува дека тоа бил оброк што го прескокнувала. Но, за вечера се честела со месо, а омилени ѝ биле големите стекови, јагнешки котлети и џигер од локалниот пазар.

– Го печам месото во електрична рерна и го јадам со неколку сирови моркови – објаснила Мерилин.

Дали сировите јајца се безбедни за јадење?

Многу луѓе се загрижени дека ќе добијат салмонела ако јадат сирови јајца, но мешавина од сирови јајца и протеински шејкови веќе со години го консумираат бодибилдерите бидејќи веруваат дека на тој начин ги зајакнуваат мускулите.

Несомнено, постои ризик од изложеност на салмонела, меѓутоа, според податоците собрани во 1990-тите, само едно од 20.000 јајца го содржи овој ризик, пренесува Soyummy.com.

извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести