Металург домаќин на Мешков Брест во СЕХА лигата

Ракометарите на Металург попладнево  со почеток во 17:45 часот во рамките на 16. коло од СЕХА лигата го играат натпреварот со белоруската екипа Мешков Брест. Металург има 28 бода и се наоѓа на 5. место на табелата и со евентуален неуспех ќе ги загубат шансите за пласман на завршниот турнир. Притоа денешниот ривал е директен конкурент за пласман во ТОП 4 заедно со градскиот ривал Вардар.

Пласман на завршниот турнир што ќе се игра во Нови Сад веќе имаат изборено Загреб КО (лански победник во ова натпреварување) и Татран Прешов.

Покрај дуелот Металург – Мешков Брест денеска се играат и натпреварите: Нексе – Партизан, Борац – Татран Прешов и Загреб КО – Војводина. Во четвртокот Вардар го победи Ловќен како гостин со 41:23.

Табела: Загреб КО 37 бодови, Татран Прешов 36, Вардар 31, Мешков Брест 30, Металург 28, Војводина 21, Нексе 17, Борац 12, Ловќен 11, Партизан 6.

]]>

Најчитани вести