Металург ги одреди цените за влезниците за дуелот со Колдинг во Лигата на шампионите

Цените по блокови се следните:

– Блок Б7, Б8 и Б9 (15 % од вкупниот капацитет на СЦБТ) се по цена од 250 денари,

– Блок Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б10, Б11, Б12, Б14, Б15 (50% од вкупниот капацитет на СЦБТ) по цена од 400 денари,

– Блок М7, М8, М9 (10 % од вкупниот капацитет на СЦБТ) по цена од 400 денари и

– Блок М1, М2, М3, М4, М12, М13, М14 и М15 (20% од вкупниот капацитет на СЦБТ) по цена од 600 денари.

Сите навивачи кои поседуваат блок влезници од групната фаза на ЛШ, во периодот од 8.март (сабота) до 14.март (петок) ќе можат истите да ги заменат за местото на седење кое го поседуваат. Промената на блок влезниците ќе се одвива исклучиво во продажното место на „КупиКартиЗаСе“, ½ Југотон во Гратски трговски центар-Скопје и ќе може да се реализира само со приложување на блок влезницата на самото продажно место. Блок влезницата ја задржува сопственикот како сувенир.

Секоја непроменета блок влезница во периодот предвиден за таа намена ќе оди во слободна продажба, која ќе стартува на 17.март (понеделник) во 17 часот. ]]>

Најчитани вести