Македонскиот ракометен тим Металург попладнево (19:00 часот) го игра натпреварот од 14.коло од регионалната СЕХА лига.
По триумфот над Барселона во Лигата на шампионите за Металург во кус временски период ќе следуваат неколку натпревари од СЕХА лигата, а првиот е против Нексе на гости. Во Скопје во рамките на 5.коло двете екипи одиграа нерешено 24:24.
По дуелот со Нексе, ракометарите на Металург во сабота гостуваат кај Партизан, а во вторник дома играат со Војводина, во пресрет на најверојатно клучниот натпревар за пласман на завршниот турнир со директниот ривал Мешков Брест (9.март во Скопје) и на крајот го имаат гостувањето кај Тартан Прешов на 12.март.
Табела СЕХА лига: Загреб КО 37 бодови (15 натпревари), Татран Прешов 33 (14), Вардар 28 (14), Мешков Брест 27 (14), Металург 25 (14), Војводина 18 (14), Борац 12 (14), Нексе 11 (13), Ловќен 11 (15) и Партизан 3 (14).
]]>


