Во Брвеница, во вториот круг на локалните избори отидоа Хаќим Рамадани од ВЛЕН и Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Кампањата за оваа општина продолжува, а на Рамадани му се приклучи и Енвер Пајазити, кој беше кандидат на НАИ во првиот круг
„Општина Брвеница треба да ја води мнозинството, затоа што тоа е демократско право. Имам емоции, но и многу искуство, а вашето присуство ми дава за право дека не треба во 7 часот да славиме, туку славјето започнува во 5 часот на 2 ноември.“, изјави Рамадани.
Kандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од Коалицијата „Вреди“, Хаќим Рамадани, кој е и директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, на средба со иселеници во Хамбург, Германија, рече дека „треба да се знае кој е газда на својата земја“, и дека општините како Кичево, Брвеница, Тетово и секаде каде се мнозинство Албанците, мора да ги води Албанец.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес беше во Брвеница, каде што изјави дека кампањата на Хаќим Рамадани е голема грешка и дека ќе има ефект и во Тетово, Дебар и Струга. Тој додаде дека вакви предупредувања добил и од меѓународните претставници. Мицкоски најави и негово разрешување од функцијата што моментално ја извршува.
„Она што го кажа овој кандидат за градоначалник ќе влијае врз неговиот ангажман во иднина. Прво, кога ќе ги загуби изборите тука во Брвеница, ќе биде разрешен од функцијата што ја има сега.“, вели Мицкоски.
Извор-21ТВ


