Миланка Рашиќ: Мојата гаража е таа во средина, дел од лимот од покривот сеуште виси, може да падне секој момент

Кисела Вода, Скопје, 27.02.2020.

Во невремето ноќеска се уништени автомобили и гаражи, меѓу кои и мојата. Лимот од покривот на зградата паднал на паркингот и гаражите.

Мојата гаража е таа во средина. Најоштетена од сите. Среќа е што никој не е повреден.

Зошто мора да се доградуваат згради? Со какви дозволи? Со кои изведувачи? Зошто ние да имаме толкава штета, ни криви, ни должни? Дојде и полиција пред 3 часа и претставници на општината, кои ветија помош и веќе започнаа процедура.

Дел од лимот и сега виси од покривот. Може да падне во секој момент.

Фејсбук статус на Миланка Рашиќ

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести