Фудбалерот на Баерн Минхен Томас Милер денеска излезе со оценка дека Борусија Дортмунд веќе не претставува сериозен конкурент за баварскиот клуб.
Минатата сезона Борусија ја заврши со 25 бодови помалку во однос на Баерн, а во моментот се наоѓа на минус 23 од шампионот и лидер на табелата.
– Борусија веќе не е на наше ниво. Претходните години беа тие кои не тераа да бидеме што подобри, а сега не е така. Важно е ситуацијата да се смени. Не сметам дека секогаш ќе биде вака, односно веќе во март да ја славиме титулата во Бундес лигата. Ќе биде пак густо на врвот, истакна 24-годишниот Милер.
Тој во 37 сезонски настапи постигна 22 гола и е еден од најдобрите напаѓачи на германскиот и европски шампион кој заедно со Борусија Дортмунд се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
]]>


