Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски изрази задоволство од победата на гости против Летонија (3:0) во меч од Лигата на нациите.
– Среќен сум поради резултатот, пристапот и желбата на моите фудбалери. Од играта во одредени моменти не сум задоволен, но најважен е резултатот, проблемите ќе ги решаваме во од. Имавме картони, повредени фудбалери, вирус, но бевме над сето тоа и победивме, изјави Милевски по мечот.
Македонија останува на првото место во групата, а на 13. октомври ќе има гостување кај репрезентацијата на Ерменија, кое ќе биде клучно за конечниот изглед на табелата.
MИА


