Милиони луѓе без струја во Куба, во колапс системот на националната електрична мрежа

Милиони луѓе во Куба останаа без електрична енергија кога денеска повторно не функционира системот на националната електрична мрежа, соопшти Министерството за енергетика и рударство.

Прекините на струја се голем проблем на островот, каде што жителите веќе се соочуваат со недостиг од храна, гориво, вода и лекови, пренесуваат агенциите.

Министерството за енергетика и рударство на земјата соопшти дека електраната „Антонио Гитерас“, најголемиот производител на електрична енергија во земјата, во Матанцас, престанала да работи околу 2 часот по полноќ по локално време, предизвикувајќи колапс на мрежата низ островот.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести