Министерот за јавна администрација Горан Минчев изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагичната несреќа што се случи во Кочани.
– Ова не е само трагичен настан – ова е повик за будност, одговорност и правда. Нема зборови што можат да ја ублажат тагата на семејствата, но мора да има одговори и постапки што ќе спречат вакво нешто да се повтори. Секој што потфрлил во својата должност мора да сноси одговорност. Во овој тежок момент, изразуваме искрено сочувство до семејствата и блиските на загинатите, додека на сите повредени им посакуваме брзо закрепнување, наведува Минчев во објавата.
МИА


