Министерот Николовски: Пченицата од Србија за нашата мелничко- пекарската индустрија не влегува во најавената забрана за извоз на српска пченица

Во вечерашното гостување на 24 ТВ на министерот за земјоделство Љупчо Николовски стана збор и за најновата изјава на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за забрана на извозот на пченица од нивна страна.

Министерот Николовски рече дека уште вечерва директно е искомуницирано со српското министерство за земјоделство.

-Ние добивме уверување дека оваа забрана не се работи за планираниот извоз на пченица за потребите на домашната мелничко – пекарска индустрија, изјави Николовски и додаде дека

-Граѓаните треба да знаат дека во овие тешки моменти на светска криза, наоѓаме начин, креираме соодветни мерки како би се ублажиле последиците во овој неизвесен период. Во моментов е свикан итен економски совет каде се разговара за состојбите, се разгледуваат сите мислења и анализи заедно со експертите. Владата со сите напори, со сите капацитети и ресурси, ќе излезе со предлог мерки за поддршка на граѓаните – рече Николовски.

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести