Издавањето на еврообврзницата е кристално чисто од законски аспект, велат од Министерството за финансии, по одложувањето на постапката и додаваат дека македонската опозиција повторно се обидела да и нанесе штета на државата, со оспорување на процесот.
„Македонската опозиција во својот познат стил на деструкција се обиде повторно да нанесе штета на Република Македонија преку обид неосновано и тотално нерационално и без никаков аргумент да го оспори овој процес преку пишување на писма со невистинита содржина и без никаков основ, факт или аргумент. Овие писма доведоа до привремен и краткотраен застој на процесот, но сакаме да истакнеме дека овој процес не е стопиран и тој ќе продолжи и многу брзо ќе има завршница“, стои во соопштението од Министерството.
Оттаму додаваат дека Министерството за финансии во брз рок ќе ги обајсни сите состојби на потенцијалните инвестотори и „ќе ги разбие дилемите и забуните кои СДСМ се обидува да ги наметне“.
„Сакаме да апелираме за смиреност кај јавноста,и упатуваме целиот процес да се следи со особено внимание за да може уште еднаш граѓаните да се уверат во штетните потези на СДСМ, и да направат разлика на тоа однесување со нашите заложби за обезбедување на услови за раст и развој на македонската економија и реализација на ветените проекти“, се вели во соопштението.
Извор: Мета


