Министерство за земјоделство: Се преземаат мерки за стабилизирање на пазарот на сливи

Како што соопшти МЗШВ, на состанокот се разгледувале и можностите за развивање на пазарот на слива во Македонија. Производителите и откупувачите ги изнеле своите предлози кои ќе бидат разгледани од МЗШВ. – Владата преку МЗШВ навреме ќе реагира и ќе преземе соодветни мерки за стабилизирање на откупот, исто како што годинава се реагираше за доматите, а минатата година за лубениците и за праските. Во таа насока, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе размислува за воведување на интервентна мерка за стабилизирање на откупот на сливите, соопшти МЗШВ. Министерството посочува дека согласно со поднесените барања за директни плаќања за површини со сливи за 2018 година, пријавени се 2788 лица со вкупно пријавена површина од 2121 хектари. Просечните приноси за 2018 година се 20 тони од хектар. Во годинашната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, производителите на сливи имаат можност да аплицираат за субвенција од 3 денари за килограм предадени сливи во преработувачки капацитети.]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести