За состојбите во оваа земјоделска гранка, за производството, за откупот, цените и поддршката од државата, разговараше со тутунопроизводителот Стеван Илијоски.

-Тутунот отсекогаш се произведувал кај нас, мачен е за работа но ние сме навикнати и не се жалиме од работа. Имало и добри и лоши години, но последниве три години имаме стабилизирање на состојбата и повисоки субвенции. Се трудиме да извадиме добар квалитет оти од тоа ни зависи и цената како и субвенциите. Лани поминавме добро, се надевам и годинава – рече Илијоски.

Мираковска ја потенцира заложбата на Владата за сигурно производство и откуп.
-За нашата Влада тутунот е стратешки производ затоа што ги тангира 30 000 тутунарски семејства, а се обезбедува и девизен прилив, оттука важноста која ја добива од државата. Знаејќи дека откупувачите бараат квалитет, а врз основа на тоа која класа и повисока откупна цена, се одлучивме на зголемување на субвенциите по класи и тоа за прва класа 80 денари, втора класа 70 денари и за 3 класа, 60 денари субвенција. Оваа мерка се покажа како одлична и значи стабилност на производството и на самите земјоделци. Продолжуваме и натаму со силната поддршка на тутунопроизвдството и со тоа покажуваме колку ни е важен агросекторот и луѓето кој живеат од него. Можеме и подобро, а тоа ќе го докажеме во следните 4 години – изјави Мираковска.
Во овој период започнува и бербата на првите листови тутун. Засега, според земјоделците, квалитетот е добар и се очекува успешна тутунарска реколта 2020.



