Во Прилеп каде што имаме една вистинска градежна офанзива владата предводена од СДСМ и коалицијата, вложи огромни средства за yредување на индустриската зона. Во финална фаза е изградбата на водоводот за целата зона, инвестиција која што изнесува приближно 50.000.000 денари. При крај е и изгадбата на внатрешната инфраструктура, односно улицатавнатре во зоната, чија вредност е дополнителни 50.000.000 денари. Во завршна фаза е изградбата на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“, инвестиција во висина од 240.000.000 денари. Изградбата на оваа клучка, која го поврзува ТИРЗ „Прилеп“ со патната делница Прилеп-Битола, е од големо значење за пристапот до зоната, за ефикасен превоз на производите што се произведуваат во самите фабрики, како и за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. Така што, во индустрискат зона моментално имаме вкупна инвестиција од приближно 350.000.000 денари.