Митовски: Тежок ден за Крива Паланка, но ден на храброст и човечност!

Огнот се обиде да ја проголта Крива Паланка. Но не успеа.

Зашто пред него стоеја ХЕРОИ – со срце поголемо од пламенот, со волја посилна од стихијата!

Ова беше тежок и болен ден за нашиот град. Ден кога стравот висеше во воздухот, а секунда можеше да значи загуба. Но беше и ден на непокор, на заедништво, на човечка големина.

🙏 Од дното на срцето им благодарам на сите што лавовски се бореа – пожарникари, војници, полицајци, вработени во институции, волонтери, граѓани. Вие не спасивте сите нас.

Вие сте живите штитови на оваа земја. Нашата сила. Нашата гордост. Нашата надеж.

🕯 Со длабока тага и сочувство ја споделувам болката со семејството на трагично загинатиот наш сограѓанин.

Оваа загуба нè обврзува – никогаш да не заборавиме, и уште посилно да се бориме за животот, за заедницата, за секој човечки живот.

Нека почива во мир. ✝️

🇲🇰 Хероите постојат. И денес Крива Паланка ги виде во дело..

Фејсбук статус на Сашко Митовски

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести