Мицајков: Не сум избегал од затвор, ме пуштија да се лечам

На Тони Мицајков, осудениот поранешен директор на Тутунскиот комбинат Прилеп му е дозволен прекин на издржување на казната затвор до 2 април 2014 година, со правосилно решение на Основниот суд Скопје -1, преку судија за извршување на санкции. Мицајков претпладнево во придружба на неговиот бранител се појавил во редакцијата на весникот “Вест” и ја демантирал информацијата од Управата за извршување санкции дека е издадена наредба за негово стражарно приведување, која „Вест“ ја објави, а ние ја пренесовме.

“Не сум избеган, сиот овој период сум по клиники, амбуланти и други медицински установи. Целата документација е испратена во надлежната институција”, рекол за “Вест” Мицајков. Тој и неговиот адвокат го приложиле решението на Основниот суд Скопје 1 со кое на Мицајков му се прекинува издржувањето на казната заради лекување во период од три месеци до 2 април 2014 година. Управата за извршување на санкции повела барање за приведување мислејќи дека осуденикот е избеган повикувајќи се на нивното решение со кое на Мицајков му бил одобрен прекин на издржување на казната во траење од еден месец до 2 октомври минатата година. Во меѓувреме, Мицајков поради лекување побарал продолжување на прекинот на издржување на казната, а Основниот Скопје 1 на 2 јануари му одобрил дополнителен тримесечен прекин и тој треба да се јави во Идризово на 2 април 2014 година.micajkov]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести