Мицкоски не бил кукавца и немало да си поднесе оставка, од претседателското место во ВМРО ДПМНЕ ќе се борел против сите што му служеле на Заев


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција кажа дека не планира да поднесе оставка од функцијата претседател на партијата затоа што додека бил жив ќе се борел против сите „што му служат на Заев“.

Тој предвидува лошо сценарио за Македонија, односно дека следувале потешки времиња.

„Владата на СДСМ го изведе најнечовечкиот поткуп на избори. Сиромаштијата ќе се зголемува, квалитетот не се цени и младите си заминуваат од земјава. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане за жестоко да критикува. Ова не е само моја битка, туку битка на народот против неодговорната Влада. Нема да поднесам оставка за да помогнам на СДСМ и Зоран Заев. Додека сум жив ќе се борам против оние кои му служат на Заев. Би било кукавички сега да си заминам“, рече Мицкоски.

За барањата за вонреден конгрес, тој рече дека такво барање немало стигнато во архивата на партијата, а за иницијаторите на барањето за вонреден конгрес рече дека се луѓе од криминално-политичкото подземје, седнати во скутот на Заев.

Најави и дека на СДСМ и на Зоран Заев им претстои жешка есен. На крајот повтори дека би било кукавички сега тој да си даде оставка.

За потсетување, постоеше џентлменски договор помеѓу лидерите на двете најголеми партиии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, кој и да не направи влада, да си поднесе оставка од претседателската функција на партијата.

Исто така постоеше и договор ако Македонија не добие датум за преговори, Зоран Заев да си поднесе оставка од премиерската функција и да се оди на предвремени избори. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, својот дел од договорот го исполни.

]]>

Најчитани вести