Тој вели дека успехот на млекарница, освен европските фондови, се должи на единството на фармерите и нивните заеднички интереси да заработат повеќе од своето производство. Тие постојано се во тек со целокупниот процес на произвoдство, а еднаш месечно, ја одредуваат цената на млекото, заеднички со менаџментот на млекарницата.
Освен позитивното влијание врз развојот на технологијата, европските фондови им помогнале и на фармерите во зголемување на производството.
-Од 2004 година кога влеговме во Европската заедница, се зголеми нашето производство од 80 на 100 милиони литри. Исто така, се зголеми и нашата продажба, така што до сега имаме реализација околу 60 милиони евра годишно. Исто така, значајно е што нашата компанија е во сопственост на земјоделците, млекарна која е во сопственост на 1 200 земјоделски фамилии кои го продаваат своето млеко кај нас. За зголемување на производството од 80 на 100 милиони литри, исто така и они ги користат ЕУ фондовите, во штали, во механизација и го зголемуваат производството на млеко. Затоа сметам дека таквата соработка треба да биде секојдневна, ние се состануваме секој месец и ги дискутираме постоечките проблеми со кои се соочуваат и согласно нашите можности, настојуваме да се помогне соодветно – изјави Цветковски.
]]>


