Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го продолжи на уште две години специјалниот кредитен аранжман на Полска од 23 милијарди долари.
На барање на Владата на Полска кредитот од ММФ од 33,7 милијарди долари е намален на 23 милијарди. Ќе и служи како мерка на претпазливост и таа нема намера да го користи кредитот, соопшти ММФ, јавуваат полските медиуми.
Таа специјална форма на кредит е воведена во ММФ по избивањето на глабалната економска криза во 2008 година, година на успешни но и ранливи економии во развој. Полска е првата земја на која во 2009 година тие средства и беа ставени на располагање, но досега таа не морала да искористи ниту еден долар.
ММФ денес оцени дека Полска има силни економски основи и политичка рамка, силна фискална позиција, а јавниот долг е избалансиран.
Продолжувањето на рокот за уште две години кога на Полска и се ставени на располагање 23 милијарди долари, според оценката на ММФ е само помош да се одржи довербата на пазарот и да се зајакне економската стратегија на Владата, а фактот дека официјална Варшава побара да се намалат средствата за повеќе од 10 милијарди, е јасен сигнал дека таа од кредитната линија потполно ќе се откаже кога ќе исчезнат надворешните закани.


