Неисполнувањето на политичкиот договор може негативно да влијае на економскиот раст и целата економија, а на среден рок ке го комплицира и отворањето на преговорите за пристапување на земјата во ЕУ која 9 години е во ќор сокак поради спорот со Грција, пишува во најновиот извештај на Извршниот одбор на директори на ММФ, објави Телма.
Освен тоа, сметаат монетарците, растот може да продолжи да се движи во надолна линија поради ризик од прелевање на кризата во Грција. Иако БДП во 2014 порасна на 3,8%, годинава тој ке падне и ке достигне 3,2 %, како резултат на странските инвестиции, инфраструктура и потрошувачката.
Раст бележи и извозот но придонесот кон вкупниот раст е негативен поради високиот увоз.Просторот за фискалната политика според ММФ во голема мера е исцрпен.
Од 2008 до сега јавниот долг е двојно зголемен и достигна 43,3% во 2014. Дефицитот се прошири на 4,2% како резултат на намалените приходи а сето тоа заедно со зголемените плати на полицијата, капиталните расходи и влошената безбедносна состојба, најверојатно ке резултира со дефицит од околу 4% од БДП во споредба со 3,4% колку што предвидува Буџетот.
Ја охрабруваат власта да ја зајакне ефикасноста на фискалната политика како и промовирање на приватниот сектор како лидер кој ке отвора работни места. Со дополнителни мерки да се подобри наплатата на даноците и да се скратат ставките за стоки и услуги.
Ги повикаа властите да продолжат со структурни реформи за да се обезбедат повеке работни места, да се вложат поголеми напори за полесен пристап до кредити за фирмите, побрза наплата на долговите, предвидлива законска рамка и рационализација на многубројните инспекциски тела.


