Пролетта и промените некако неминовно доаѓаат заедно. А со нив и сонцето и слободата се враќаат. Македонија за скоро ќе биде спокојна, стабилна, сплотена, праведна земја, едно поубаво место за живеење на сите нејзини граѓани.
Разединетоста на нашиот народ која што се случува со децении, а посебно во овај период, е неубава за сите, особено кога е заснована на невистинити причини за тоа. Борбата за правда не може никако да биде изедначена со оваа група од изманипулиран народ на улица, кој несакајќи брани криминал на владината и партиска врхушка, а не се бори за спас на државата. Бидејќи Македонија никој не ја напаѓа, никој не ја дели, никој не ја оспорува или негира нејзината сувереност, уставност и унитарност, сами од главата си патиме.
Немојте другари да верувате во приказни за мали деца, возрасни луѓе сме, иако во оваа политичка битка, неретко се инволвираат и деца средношколци. Да ви кажам нешто, иако повеќето од вас тоа добро го знаете, не е Платформата тиранска, владина е и напишана и усвоена е од пред две години, нас владата во Македонија ни е ТИРАНСКА, режимска и недемократска. Ама додека вистината да си ги врзе чевлите, лагата три пати ќе го обиколи светот. Колку пати успеале политичарите на власт да излажат македонски народ да излези на улица, играјќи си со нивните патриотски и национални чувства, тоа чудо едно. А и успеваат да си ја свртат водата на своја воденица овие од врхушката на дпмНЕ, во битката со својот политички противник, секогаш кога се фатени во криминал и незаконски дејанија и треба да понесат одговорност. Ама повеќе не им се плаши никој, тоа е моментот на крајот на секое неправедно владение. Победен е политички Груевски, но за да се порази груевизмот инсталиран во административниот апарат, партизираните институции и секоја пора на општественото живеење, потребно е повеќе време. Ајде, уште малце и пак ќе бидеме држава со сите нишани.
После три и пол месеци од Изборите, крајно време е мнозинството парламентарно да формира Влада. Доаѓа живот, промени и правда во нашата убава земја. Македонија е се што имаме и ја сакаме подеднакво сите ние.
Фејсбук статус на Наташа Струмениковска


