Момче од Белград на несекојдневен начин ја запроси својата девојка

Интересна понуда за брак се случи во Суто море. Додека вљубениот пар седи на чамец, нуркач излегува од вода и носи прстен! Момчето го зема прстенот од него и го става на прстот на својата девојка.

Додека таа се уште се опоравуваше од првичниот шок, следуваше ново изненадување. Покрај брегот, но и од околните чамци, „соучесниците“ на младоженецот запалија факели, само за овој настан да биде што поспектакуларен.

Момчето по потекло е од овие простори и имал желба да ја запроси својата идна сопруга во Црна Гора.

Најчитани вести