Голема е веројатноста од 1 јули да плаќаме повисока цена на струјата. Сите три енергетски компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН Македонија, поднеле до Регулаторна комисија за енергетика, пресметки за зголемени трошоци во работењето, објави Фактор.
Регулаторната комисија до крајот на јуни треба да ги разгледа и врз основа на тоа да ја соопшти новата цена на киловат-час струја за домаќинствата.
Неофицијално, од сите три компании, државната ЕЛЕМ, како производител, доставила најголеми трошоци до Регулаторната комисија за 10%, што ќе предизвика поголема цена за крајните корисници.
Во моментот, од цената на киловат/час струја што ја плаќаат граѓаните, 50 отсто оди за ЕЛЕМ, 6 отсто е за МЕПСО, а 44 отсто на сметката на ЕВН.


