Мртов човек во холот на МТВ

На влезот во Македонската радио-телевизија пронајдено е тело на мртов маж, а полицијата во моментот врши увид, објави „Канал 5“. Телото на повозрасен маж се наоѓа на средина на холот веднаш по влезната врата на зградата на МТВ. Полицајците биле повикани, а според првичните информации на возрасниот маж му се слошило по што била повикана и итна помош.

На раката на телото се гледа лепенка од пружање на лекарска помош во вена. Но ниту таа инекција не му помогнала на несреќниот маж кој починал во холот, пишува „Канал 5“.

Покрај вработените во МТВ, влезниот хол го користат и вработените и функционерите во повеќе министерства и државни институции, како и граѓани кои одат по патни исправи и лични карти во пасошкото одделение на МВР сместено во зградата на националната телевизија.

Од полицијата најавија повеќе информации за настанот.

]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести