МТКФ ги избра најдобрите за 2013 година

Македонската традиционална карате федерација (МТКФ) денеска на свечена церемонија ги избра и ги награди најдобрите каратисти и оние кои придонесоа за успесите на овој спорт изминатата година.

Во категоријата сениори награди добија: Дејан Недев, Кристијан Кајчевски, Аљоша Недев, Матеј Ангеловски и Јадранка Недева Јарчевска.

Признанија за постигнатите резултати во младинска категорија добија: Ернес Никочевиќ, Сара Гичевска и Бојан Богдановиќ.

Од јуниорите наградени се: Иван Трајков, Јован Талевски и Васко Марковски.

МТКФ дипломи за постигнатите резултати им додели и на најдобрите кадети и на каратистите од категоријата – деца.

За посебен придонес во развојот на Традиционалното карате во Македонија наградени се:

Спиро Ристовски – Министер за образование и наука, Гордана Клинчарова од Град Скопје, Златко Симоновски – Факом, Наташа Дионисиева – МЖ, Сања Савеска, Игор Ивановски и Никола Ѓуровски – новинари.

Министерот Ристовски се заблагодари за добиеното признание и им се обрати на најмладите кои одлучила да се занимаваат со овој спорт. Според него тие се вистинскиот пример за идните генерации.

– Бавењето со карате не е само спорт. Бавењето со карате е филозофија, бавењето со карате е уметност, бавењето со карате е дисциплина која ќе ви помогне во животот. Самодовербата, дисциплината и сите успеси како во образованието така и на професионален план во многу зависат како и на кој начин ќе се образувате и ќе го доживеете овој спорт. Каратето е смисла на животот и сметам дека таа филозофија на животот ќе ви помогне многу во развојот и понатамошни успеси, истакна министерот за образование и наука.

]]>

Најчитани вести