Дојде крајот на ангажманот на Жозе Мурињо во Челзи!
Денеска попладне во официјална изјава клубот од „Стемфорд Бриџ“ потврди дека ја прекинал соработката со Мурињо.
„Челзи и Жозе Мурињо, денес спогодбено ја прекинаа соработката. Сите во Челзи, му благодарат на Жозе за неговиот неизмерен придонес“ – се вели во клубското соопштение.
Менаџерот на Челзи ја заврши катастрофалната сезона, неговиот тим во моментов се наоѓа на 16-то место по поразот од 2-1 во Лестер.
Пеп Гвардиола, Гус Хидинк, Брендан Роџерс и Хуанде Рамос се имињата кои најчесто се спомнуваат да ја преземат екипата од Стемфорд Бриџ.


