МВР: Пронајдена дрога при претрес во Кавадарци, приведени две лица

 Две лица од Кавадарци се лишени од слобода поради сомнение за недозволена трговија со дрога. Кај нив биле пронајдени кафеава прашкаста материја, екстази, бела грутчеста материја и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кавадарци вчера ги лишиле од слобода Г.Ц.(36) и М.М.(35), двајцата од Кавадарци. 

-При преглед кај Г.Ц., при излез од домот на М.М., била пронајдена кафеава прашкаста материја, а при претрес во домот на М.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени кафеава прашкаста материја, екстази, бела грутчеста материја и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека во координација со јавен обвинител, предметите биле одземени, лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Најчитани вести