МВР: Санкционирани 140 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден била спроведена засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.

-Од 140 возачи, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 82 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 58 надвор од населено место, велат од МВР.

Оттаму потенцираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од полицијата.

МИА

]]>

Најчитани вести