Владата, на вчерашната седница донесе неколку одлуки кои се во интерес на земјоделците. Се донесе одлука за дополнителна субвенција од 2 денари за предадено грозје, како и дополнителна субвенција од 18.000 денари за хектар површина засеана со ориз- изјави Соња Јанковска Трпчевска, портпарол на МЗШВ.
-На седницата се донесе одлука за исплата на обештетувањата на сточарите кои претрпеа загуби од угинат добиток поради болета чвореста кожа.
Исто така се усвои Програмата за измени на Програмата за рурален развој, со што се обезбедија финансиски средства за комплетна исплата за поддршката од неповратни 10.000 евра за Мерката за млади земјоделци.
Воедно, Ве информирам дека во Владата, има консензус за носење на мерката за поддршка за набавка на гориво за земјоделска механизација. Оваа мерка ја ветивме и ќе ја исполниме. Мерката за т.н евтина зелена нафта ќе се реализира следната 2018 година.


