MЗШВ ја објави цената на винското грозје за Смедеревка и Вранец

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја објави цената пресметана од Земјодескиот институт за двете најзастапени сорти винско грозје: Смедеревка и Вранец.

Цената на килограм грозје Смедеревка ќе изнесува 18,3 денари.

А, цената на килограм грозје Вранец ќе изнесува 20,8 денари.

„Да потсетиме дека производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година се пресметува согласно Законот за виното (Службен Весник 74/24) и по Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет  (Службен Весник 146/24), соопштија од МЗШВ.

„Претходно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство спроведе Јавен конкурс за избор на институција и склучи Договор со Земјоделски институт – Скопје за вршење на услугата“, соопштија од МЗШВ и додадоа дека согласно законот, цената е зголемена за 25 %.

Најчитани вести