МЗШВ следната недела ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје

Од МЗШВ информираат дека производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти ќе ја објави во текот на следната недела.

Соопштение:

Ве известуваме дека производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година  се пресметува согласно Законот за виното (Службен Весник 74/24) по Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет  ( Службен Весник 146/24).

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство спроведе Јавен конкурс за избор на институција и склучи Договор со Земјоделски Институт – Скопје за вршење на услугата. По завршување на пресметката од страна на Земјоделски Институт – Скопје,  министерството јавно ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје во текот на следната недела.

извор: agrotim.mk

Најчитани вести