МЗТ Скопје Аеродром гостува кај Цибона

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром попладнево во рамките на 23. коло од АБА лигата има тешко гостување во Загреб кај Цибона.

Македонскиот тим ќе се обиде да направи изненадување слично на ланското кога ја совлада Цибона на нејзин терен. Во оваа сезона екипата од Загреб се бори за пласман во ТОП 4 и за учество на завршниот турнир, додека „металците“ со триумф ќе ги зголемат шансите за пласман на 6.место и пласман во Еврокупот.

Почетокот на натпреварот е во 18:30 часот.

Покрај овој натпревар денеска играат и Олимпија и Партизан, додека во понеделник ќе се комплетира колото со дуелот Будуќност – Игокеа.

На претходно одиграните натпревари беа постигнати следниве резултати: Шолнок – Цедевита 68:67, Раднички – Мега Визура 84:86, Широки – Задар 72:58 и Црвена Звезда – Крка 78:65.

Табела: Црвена Звезда 19-4 (победи-порази), Цедевита 17-6, Партизан 15-7, Будуќност 14-8, Цибона 14-8, Игокеа 12-10, МЗТ Скопје Аеродром 11-11, Мега Визура 10-13, Крка 10-13, Раднички 8-15, Шолнок 8-15, Олимпија 8-14, Широки 6-17, Задар 6-17.

]]>

Најчитани вести