На 15 март истекува рокот за поднесување на годишна даночна пријава

За два дена, односно на 15 март истекува рокот за поднесување на годишна даночна пријава. Сите лица кои имаат дополнителни приходи освен плата или пензија или имаат приход од земјоделска дејност или самостојна дејност треба да поднесат годишна даночна пријава.

Под дополнителна заработа се вбројуваат и приходи од кирии од издавање имот – закуп или подзакуп, авторски права, индустриска сопственост; исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од наградна игра во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни.

За неподнесување на годишна даночна пријава следуваат казни до 200 евра.

Најчитани вести