На 61-годишна возраст, Бразилката Јозефа Феијтоса решила да го пропатува светот и да ужива во својата пензија.
Нејзините деца на почетокот не биле ентузијасти за одлуката бидејќи, како што велат, очекувале таа да биде со нејзините внуци. Но, Бразилката им кажале дека доста ги воспитувала и ги образувала нив и дека сака да си ужива во заслужената пензија откако со години работела во бразилскиот затворски систем. Таа го продала целиот свој имот – куќата, мебелот и облеката – и тргна на пат. Во почетокот нејзината дестинација биле различните региони во Бразил, а потоа заминала на патување низ светот.
Во интервју за бразилскиот портал G1, Јозефа изјавила дека била посветена мајка, но смета дека бабите не треба да ги чуваат и воспитуваат и своите внуци. Отпрвин, нејзината ќерка била вознемирена од таквиот став, но со текот на времето сфатила дека нејзината мајка не е како другите и дека е желна за авантури.
Јозефа ги споделува сите свои искуства и авантури преку Инстаграм. Таа напомена дека сака да ги инспирира сите постари луѓе кои се плашат од патувања да го направат тоа.


