Во организација на ЗСРРК МРЕНА Крива Паланка деновиве на езеро Отошница во општина Ранковце се одржа меморијалниот натпревар во риболов на пливка ,,Марјан Ѓошевски Мацко”.
На натпреварот зедоа учество 18 членови на ЗСРРК МРЕНА од Крива Паланка.

Прво место освои Сашко Велковски, второ место Дејвид Димитровски и трето место
Игор Додевски. Натпреварот се одржува трета година по ред и како што велат организаторите во план е истиот да стане традиционален.

Ова Спортско риболовно друштво постои повеќе од половина век и бележи успешни резултати во своето работење. Во водите на Крива Река редовно се врши порибување со крап и пастрмка.

Како што не информираа од таму, кон крајот на месец февруари оваа година согласно годишната програма е извршено порибување со 30 кг подмладок пастрмка на риболовниот ревир Крива Река 1-Кривопаланечки. Исто така согласно годишната програма во февруари е извршено порибување со 100 кг крап и 115 кг крап во месец април на езеро Отошница.

Од Мрена порачуваат дека рибочуварската служба непрекинато работи и се замолуваат рибарите да пријавуваат криволов за поуспешно справување со криволовците, со цел за максимална заштита на рибниот фонд.


