На денешен ден во Велес е роден Петре Прличко, еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер.
Бил припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци и живеел од и со македонското театарско, филмско, радиодрамско и телевизиско творештво, оставајќи зад себе многубројни главни улоги.