На денешен ден: Роден Гоце Делчев, апостол на револуцијата

На денешен ден, 1872 година, во Кукуш, Егејска Македонија, е роден Гоце Делчев, прв меѓу првите револуционерни синови на македонскиот народ.

Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата.

Гоце Делчен бил голем хуманист, учител и борец. Организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил цела Македонија.

Непријателите на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат.

Така, на 4 мај 1903 година, во борба против османлиската војска во селото Баница, Серско, во егејскиот дел на Македонија, загинал великанот Гоце Делчев.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести